Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија. Голем дел од асортиманот на компанија, почнувајќи од оние што се посебно интересни за странските пазари, слатката и солената програма се изложени на штандот на Витаминка каде посетителите имаа можност да се запознаат и да ги пробаат. Производите на компанијата, посебно новитетите веќе ги предизвикаа првите позитивни импресии.

 

Ануга е центарот на сите значајни произведувачи на храна и пијалаци во моментов и самото присуството на саемот значи дека сте реномиран и посакуван производител од индустријата.

 

Се поврзано со овој саем е стимулирање на понатамошниот развој на компанијата, почнувајќи од концептот што го има, одржување секоја втора година, како е осмислен и организиран. Овде се сите новитети, трендови, тенденции и она што е најзначајно - иновации во прехранбената индустрија. А тоа го знаеме затоа што сме редовни посетители и досега сме имале позитивни резултати од ова саемско претставување. Самото учеството заедно со други производители од светски ранг е потврда за успешноста на Витаминка надвор од македонските граници, како и повод за нови деловни соработки со компании од различни земји во Европа и светот“, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

 

Покрај главното саемско претставување, Ануга нуди дополнителни активности и содржини, што го прави атрактивен не само за изложувачите, туку и за сопственици на малопродажни ланци, произведувачи на полупроизводи, трговци но и граѓани. Оваа година се очекуваат приближно 160.000 посетители кои ги откриваат најновите и најиновативните производи, а околу 7.400 изложувачи од целиот свет се инспирираат од најголемиот избор производи во светот и бараат можност за својот производ.

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.

Наумоски почесен претседател

Претседателот на Одборот на директори на Витаминка Симон Наумоски е назначен за почесен претседател на УО на регионална канцеларија на Стопанската комора во Прилеп.

Финансиска помош за херојот Марко

Витаминка АД Прилеп издвои финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро.