Посета од идните фармацевти

Како составен дел од наставната програма, триесетина ученици од трета година од профилот Фармацевтско лаборантски техничар при  СОУ  Ѓорче Петров од Прилеп  беа во посета на Хемиската лабораторија во Витаминка.
 
Директорот на Контролно-развојната лабораторија Натали Петреска, ги запозна учениците со видовите контрола на квалитет кои постојат во Витаминка, а шефот на Хемиската лабараторија Олга Ристеска, пак, со работата на лабараторијата и мерните инструменти што се користат при разни анализи.
 
Ана Кироваков, технолог истражувач ги запозна учениците со процесот на развој на нови производи. Учениците имаа можност да видат дел од испитувањата што се прават во лабораторијата. Исто така, учениците можеа да слушнат на кој начин се врши дегустација на производи, при што и самите имаа можност да дегустираат некои од производите на Витаминка и да се уверат во нивниот врвен квалитет.
 
 
 

СОУ „Ѓорче Петров“ во Витаминка

„Витаминка“ ја посетија ученици од Природно-математичката секција при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп.

Холандски студенти во Витаминка

Витаминка ја посетија студенти од Универзитетот Гетиде во Холандија.

Трето извлекување на Стобиранка

Третата Стобиранка го даде добитникот на главната награда, најновиот модел на Toyota C-HR Hybrid, Давид Николоски од Прилеп, кој стана сопственик на првиот ваков модел на автомобил во Македонија.