Витаминка го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад - Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ (Macedonia without Waste - Food Surplus Redistribution Network), Витаминка ќе го донира вишокот храна.

Со меморандумот за соработка потпишан меѓу Витаминка и носителот на проектот,  Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, целата храна што е безбедна за консумирање а е вишок од производството на компанијата, ќе биде дистрибуирана до здруженија и асоцијации кои понатаму ќе ја доставуваат храната до корисниците односно оние на кои им е потребна помош. Донираната храна е квалитетна со задржани нутритивни карактеристики и пред се безбедна за консумирање според постоечката регулатива за безбедност на храна на Република Македонија.

 

Целта на овој чекор и потпишаниот Меморандум е преку взаемна соработка, разбирање и помош, да се овозможи успешна имплементација на систем за донирање на вишокот храна. Витаминка ќе ја доставува храната соодветно стандардите и правилата за транспорт, а за што подобро и поефективно спроведување на планираните активности, Ајде Македонија има создадено и одржува веб - платформа која е наменета за поврзување на компанијата Витаминка со Граѓански организации кои понатаму ќе ја дистрибуираат храната до нивните корисници на помош.

 

Проектот воведува систем на современа и ефикасна постапка за поврзување на донаторите на вишок храна, компании и производители и граѓанските организации кои обезбедуваат храна на своите корисници на услуги. Создадениот синџир на соработка, обврски и комуникација ќе доведе до намалување на состојбата со недоволната исхранетост во државата, намалување на недостатокот од храна и рационална редистрибуција на храната. Ваквиот систем се покажа со позитивни резултати насекаде во светот каде што се користи и инспирира што повеќе компании да се вклучат во иницијативата.

Витаминка на саем во Москва

Витаминка го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018.

Наумоски почесен претседател

Претседателот на Одборот на директори на Витаминка Симон Наумоски е назначен за почесен претседател на УО на регионална канцеларија на Стопанската комора во Прилеп.

Финансиска помош за херојот Марко

Витаминка АД Прилеп издвои финансиска помош за подобри резултати на 12 годишниот Марко Пејчиновски кој го преплива Охридско езеро.