Студенти во посета на Витаминка

Група студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп ја посети Витаминка. Предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска, тие се запознаа со логистичките активности на Витаминка, со начинот на прием, складирање и подготвување на готови производи со сите дополнителни логистички податоци за следливост и контрола на процесот.
 
Студентите беа пречекани од одговорниот за маркетинг Душица Неделкоска, која накратко ги запозна со почетоците и растот на овој прехранбен гигант во Македонија и регионот, со промотивните активности и новите производи кои излегоа на пазарот последните неколку месеци, со структурата на вработените во компанијата, како и организациската поставеност.
 
Љупчо Велески, директор на сектор Извоз, се осврна на  логистичкиот пат на сите влезни и излезни инпути во Витаминка, на разликите во логистичката поддршка во Македонија и во соседните земји, на постојаната контрола на суровините, полупроизводите и производите во Витаминка од аспект на логистичка поставеност, управувањето со синџирот на снабдување, како и интерните комуникации. Тој ги запозна студентите и со  начинот на договарање и испорака на приватни марки.
 
Васко Наумоски, проект менаџер во ИТ одделот, говореше пред студентите за алатките за следливост и контрола на процесот на прием и движење на инпутите во фабриката, ги запозна со нашиот ЕРП систем, начинот на обележување на логистичките податоци и во магацините и на палетите. Говореше и за ЕДИ системот за електронска размена на информации кој е се поактуелен во периодов и за начинот на анализа на извештаи за гореспоменатите процеси преку софтвер за извештаи.
 
Студентите посетија и еден од магацините во Витаминка и со шефот на магацинот Билјана Маркоска практично видоа дел од овие процеси. 
 
 

Трето извлекување на Стобиранка

Третата Стобиранка го даде добитникот на главната награда, најновиот модел на Toyota C-HR Hybrid, Давид Николоски од Прилеп, кој стана сопственик на првиот ваков модел на автомобил во Македонија.

Добитници од втората Стобиранка

Пред петчлената комисија и со емитување во живо на YouTube каналот на Витаминка, беше одржана и втората Стобиранка каде беа извлечени новите добитници од наградната игра.

Посета од идните фармацевти

Како составен дел од наставната програма, триесетина ученици од трета година од профилот Фармацевтско лаборантски техничар при СОУ Ѓорче Петров од Прилеп беа во посета на Хемиската лабораторија...