Stobi Flips MAGNUS

Stobi Flips MAGNUS

Новиот Стоби флипс од Витаминка е со 30 отсто кикирики, покрцкав, со поголема форма на флипсот и во повеќе грамско пакување. Создавањето на Магнус е во чекор со најновите трендови и е одговор на барањата на потрошувачите за флипс со збогатен и поинтензивен вкус на кикирики, од состојки со врвен квалитет и според добро познатата рецептура за истиот препознатлив флипс.

„Развојот на Стоби флипс секогаш ги следел барањата на пазарот, па така и Магнус Стоби флипс во себе ги спојува модерната технологија за создавање флипс којшто изобилува со вкус на кикирики и најголемата форма на флипсот, збогатувајќи го пазарот со она што недостигаше. Магнус ја исполнува таа празнина и нуди поголемо уживање за потрошувачите. Од самото создавање, омилениот македонски флипс се одликува со уникатност, висок квалитет и единствен препознатлив вкус, но вистинската вредност доаѓа од неговата популарност меѓу повеќе генерации. Магнус ја продолжува истата тенденција нудејќи повеќе и посилен вкус од веќе препознатливиот флипс“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор во Витаминка.

Новиот флипс Магнус е достапен на пазарот веќе од денес во сите супермаркети, маркети и целата малопродажна мрежа.

Витаминка на саемот Ануга 2017

Со непосредна презентација на квалитетот, производите на Витаминка се претставија на најголемиот саем за храна и пијалаци, Ануга 2017 којшто се одржува во Келн, Германија.

Розов атлантис за Розевата прошетка

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската филозофија што е во основата на Витаминка како компанија.

Владо Јаневски со нов видео запис

Поддршката од Витаминка за Владо значеше повторно враќање на музичката сцена и заеднички настап на двата најсилни македонски бренда.