Холандски студенти во Витаминка

Оваа недела Витаминка ја посетија студенти од Универзитетот Гетиде во Холандија кои пред Претседателот на Одбор на директори на Витаминка, Симон Наумоски, директорот на Извоз, Љупчо Велески и шеф во Извоз, Петар Стојковски го презентираа изготвениот проект за продажба на наши производи на холандскиот пазар.
 
По извршената дегустација на дел од производната палета на Витаминка пред неполни два месеци, тие селектираа неколку артикли за иден пласман на нивниот пазар, заклучувајќи дека производите на Витаминка се со висок и стандардно добар квалитет. Потпишаниот договор за соработка претставува добра можност за Витаминка за пробив и освојување на холандскиот пазар.
 

Витаминка на Food expo во Атина

Со целосниот асортиман вклучувајќи ги најсилните брендови, на голем изложбен простор Витаминка за прв пат се претстави на саемот Food expo во Атина.

Средношколци ја посетија Витаминка

Петнаесетина ученици од трета година од профилот Техничар Нутриционист од Хемиско - технолошката струка при СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп ја посетија нашата лабораторија.

СОУ „Ѓорче Петров“ во Витаминка

„Витаминка“ ја посетија ученици од Природно-математичката секција при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп.